Моќта на Премиер лигата покажана на дело: Челси се активираше и за 24 часа му „украде“ договорено засилување на Интер

Дерби

24/06/2026

16:42

371

Големина на фонт

а а а

Интер со недели преговараше со Марко Палестра и се чинеше дека е клуб кој е најблиску до потписот на талентираниот десен бек, но финансиската моќ на Премиер лигата одново дојде до израз и Челси ја заврши операцијата во неполни 24 часа.

Имено, Бепе Марота и соработниците од Интер од стартот на месец јуни го посочија Палестра како идеална замена за Дензел Дамфрис и се водеше кон тоа дека ќе биде постигнат договор со Аталанта, но најверојатно и ќе се случеше тоа ако во целата ситуација не се вклучеше Челси.

Во рок од само 24 часа, англискиот великан успеа да ја подобри понудата на Интер и уште повеќе да ги задоволи барањата на самиот фудбалер, па тоа се покажува како пресудно младиот надежен бек да заврши во Англија.

Според последните информации кои ги пренесува „Скај“, Челси ќе плати 55 милиони евра за Палестра, а фудбалерот ќе добие 6 милиони евра годишна плата, нешто што дефинитивно не било прифатливо за Интер.

Палестра има само 21 година и веќе запиша два настапи за италијанската репрезентација, а изминатава сезона играше како позајмен фудбалер во Калјари.