Молк од Зоолошката градина и од Град Скопје за бегството на волци во саботата и усмртувањето на неколку кенгури и ему птици, велат од ЛДП

Макфакс

25/06/2026

14:20

625

Големина на фонт

а а а

Либерално-демократната партија од Скопје бара итна реакција и објаснување од Зоолошката градина и Град Скопје по бегството на волци и усмртувањето на неколку кенгури и нему птици во зоолошката градина, нагласувајќи сериозни проблеми со безбедноста и грижата за животните.

Градската организација на Либерално-демократската партија – Скопје бара брза реакција од Зоолошката градина, Град Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и сите надлежни институции, по последната случка во саботата, со бегство на бели волци од кафезот кои изеле 4 кенгури и неколку нему птици.

Несреќни случаи во Зоолошката градина

Зоолошката градина ја следат несреќни случаи уште од почетокот на мандатот на претходната градоначалничка Данела Арсовска. Зоолошката во Скопје се трансформираше во кланица на коњи за храна во градината, со разлеана крв на булеварот Илинден, редовно умираа животни под неразјаснети околности, угинаа жирафи, слоница, Царски орел, лавот Жика, потоа угинаа ретките и заштитени Пржевалски коњи, Берберски овци, а имаше и епидемија на птичји грип“.

Инцидентот и барања на ЛДП

Според ЛДП, после неколкучасовна бркотница на вработените со животните, волците биле вратени во живеалиштата, но Зоолошката градина, како што велат, никаде не извести за овој инцидент, иако таа е локација со многу посетители, чија безбедност може да биде доведена во прашање.

Бараат надлежните од Зоолошката градина и Град Скопје, да излезат со објаснување за инцидентот, да кажат дали живеалиштата на животните, особено на опасните по живот, се соодветно обезбедени и да ја затворат за посетители градината до расчистување на инцидентот и утврдување на одговорноста.