Жозе Мурињо беше актуелен во минатиов период со неговиот трансфер, преселба од Бенфика во редовите на Реал Мадрид.
„Кралевите“ предводени од Флорентино Перез дури и се решија да платат обештетување за да го доведат искусниот стручњак на „Бернабеу“.
Реал веќе се засили, се најавуваат и други имиња, па останува да се види како Жозе ќе се пронајде во оваа втора приказна, мандат во шпанската престолнина, а во меѓувреме Португалецот одработи интересно интервју за „Beast Mode On“ каде говореше на различни теми, меѓу кои и потенцијалниот победник на Светското првенство.
- Тие треба [да одат до крај и да го освојат Светското првенство]. Тие не се сами (Португалија). Секако дека има и други [кандидати]. Секогаш велам дека Англија [ќе биде во конкуренција за финалето]. Ги гледам играчите, а ние доаѓаме од таа генерација, [Френк] Лампард, [Стивен] Џерард, [Џон] Тери, [Рио] Фердинанд, [Дејвид] Бекам. Оттогаш, секогаш велам Англија, а потоа тоа не се случува, но секогаш велам Англија.
- Арсенал го загуби финалето на Лигата на шампионите, но беа таму. Кристал Палас ја освои Конференциската лига. Астон Вила ја освои Лигата на Европа. Освен Барселона, Баерн, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, најдобрите играчи се во Англија. Кога губите на пенали, зборувате за детали, а тие изгубија на пенали еднаш, на Евро 2004 во Португалија… Португалија ги победи и на пенали. Пеналите се само мали кликови.
- Верувам дека тие имаат поголем притисок од кој било друг во однос на медиумите. А медиумите, на крајот на краиштата, многу влијаат врз луѓето – во овој случај англиските навивачи. Очекувања. Одговорност. Не можеа да се справат со тоа. Секогаш имаа добри тренери. Повторно имаат друг добар тренер. Секогаш мислам дека можат [да го освојат Светското првенство], -вели Жозе и додаде:
- Гледате кон Франција, каде што тие би можеле да играат со три различни екипи, а сепак да бидат претенденти. Потоа Шпанија, Аргентина, Бразил, луѓето можат да кажат дека не се толку талентирани во натпреварувањата каде што победиле, но јас секогаш велам дека тренер како Карло [Анчелоти] игра улога.
- Дури може да почувствувате, по лош натпревар, нерешено против Мароко, како да дошло цунами… не за Карло. Секогаш верувам дека Карло може да направи разлика. Португалија е неверојатна, со неверојатен состав исто така, - заврши стратегот.









