Ивановски го реши третиот носител, се смешка македонско финале во Загреб

Дерби

26/06/2026

13:57

427

Големина на фонт

а а а

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски ја забележа третата победа во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот што се игра во Загреб (Хрватска).

Калин во денешното четвртфинале беше подобар од 27-годишниот Хавиер Баранко Косано од Шпанија со 2-0 во сетови. Ова беше меч во кој решаваа нијанси, но кога беше најпотребно Ивановски беше на повисоко ниво и го матираше третиот носител.

Нашиот рекет славеше со 7-6 и 7-5 и обезбеди полуфинале во кое ако слави може да имаме македонски меч за титулата. Имено Украинецот со македонски пасош Олег Приходко исто така напредува, триумфираше над Димитрис Сакеларидис со 2-0 во сетови со 6:4 и 6:3.

Инаку пред Калин е и полуфинале во двојки заедно со Амар Хусеиновиќ.

Турнирот во Загреб се игра на зејмена подлога за награден фонд од 30.000 долари.