Во Скопје се случи сообраќајна несреќа на крстосницата од булеварот Партизански одреди, каде мотоциклист се здоби со тешки телесни повреди во судир со патничко возило. По несреќата следи увид и истрага за причините.
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје, на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“, улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 26 јуни во 16:40 часот.
Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И. (66) од село Долно Свиларе, скопско, и мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.А. (28) од Скопје.
Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а причините за сообраќајката се утврдуваат.







