Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Макфакс

27/06/2026

17:00

222

Големина на фонт

а а а

Утре ќе се изврши авионска дезинсекција на територијата на Скопје за контрола на возрасни форми на комарци, со можност за одложување доколку временските услови не дозволуваат. Пчеларите се предупредени да ги заштитат пчелите.

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.