Ќе ечат песни од Владо Јаневски: Утре собир пред „Борис Трајковски“ во чест на музичката легенда

Макфакс

29/06/2026

15:01

2.797

Големина на фонт

а а а

Утре вечер на платото пред арената Борис Трајковски ќе се одржи собир на кој ќе биде оддадена почит на музичката легенда Владо Јаневски, со цел неговите песни да одекнат уште еднаш и да се потсетиме дека големите уметници никогаш не се забораваат.

Утре со почеток во 20:00 часот, на платото пред арена „Борис Трајковски“ се организира собир на кој ќе му биде оддадена почит на Владо Јаневски.

„Утре, во 20:00 часот, на платото пред арена Борис Трајковски ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски.

Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат.

Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат.

Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов.

Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ.

🤍

“, објавија од Прагма продукција.