ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие здравство и социјала и демографија, а ВРЕДИ Министерството за култура

Макфакс

30/06/2026

19:12

244

Големина на фонт

а а а

Со реконструкцијата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ добива нови министерства за здравство, социјала и демографија, додека ВРЕДИ ќе управува со ресорите култура, односи со заедниците и правда.

Со реконструкцијата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерства, здравство и социјала и демографија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма вели дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија.

Тој вечерва ќе ги образложи предлозите пред членовите на Извршниот комитет на партијата, а потоа истите ќе ги достави до Собранието и пратениците.

Мицкоски, исто така, најави дека ВРЕДИ ќе ги добие ресорите култура, министерството за односи со заедниците и ресорот правда, а Министерството за земјоделство ќе оди во рацете на ЗНАМ.