Вештачката интелигенција падна на испитот

Точка

02/07/2026

10:47

1.584

Големина на фонт

а а а

Американскиот автомобилски гигант „Ford“ повторно вработи повеќе од 300 искусни инженери за контрола на квалитетот, откако било утврдено дека вештачката интелигенција не може целосно да ги замени човечкото знаење и долгогодишното искуство.

Во последните години компанијата сè повеќе се потпираше на вештачката интелигенција во производниот процес, вклучувајќи камери кои откриваат недостатоци и помагаат во подобрувањето на квалитетот. Сепак, според „Independent“, технологијата не успеала да ги надмине проценката и искуството на стручњаците кои со години учествувале во развојот на возилата, истакнаа раководителите на „Ford“, пренесува „SEEbiz“.

„Вештачката интелигенција е одлична алатка, но е добра само онолку колку што се квалитетни податоците што се користат за нејзиното обучување“, изјави потпретседателот на „Ford“ за развој на автомобилска опрема, Чарлс Пун.


„Ford“, како што изјави Пун за „Independent“, ја потценил вредноста на искусните инженери со долгогодишно искуство во развојот на производи. Поради тоа, тие повторно биле ангажирани за да помогнат во обучувањето на системите за вештачка интелигенција, како и да ја преземат улогата на ментори на помладите вработени.

Враќањето на искусните стручњаци се совпаднало и со повторното искачување на „Ford“ на врвот на листата за почетен квалитет на возилата меѓу најголемите производители на автомобили.


Според податоците на аналитичката компанија „JD Power“, тоа се случило за првпат од 2010 година.

Компанијата подобрувањето на квалитетот го припишува на промените во управувањето со секторите за развој, производство и синџирот на снабдување, како и на враќањето на голем број искусни инженери, пренесува „Independent“.