ДЗС со две нови теренски возила

Макфакс

02/07/2026

13:30

188

Големина на фонт

а а а

Дирекцијата за заштита и спасување доби две нови теренски возила преку проектот „Волонтер 2“, со финансиска помош од ЕУ и партнерски институции, за подобрување на интервенциите при природни и техничко-технолошки катастрофи.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска присуствуваше при приемот на двете нови теренски возила што Дирекцијата ги набави преку иницијативата „Волонтер 2“ (VOLUnteer II), со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција.

Новите возила со 4×4 погон ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и техничко-технолошки катастрофи, како и за активности во рамки на прекуграничната соработка со партнерските институции.

„Со оваа набавка се зајакнуваат оперативните капацитети и мобилноста на тимовите на ДЗС, со цел побрз и поефикасен одговор при вонредни состојби“, велат од Дирекцијата.