Утре се очекува нестабилно време со локално невреме, пороен дожд и грмежи, особено попладне. Во Скопје и околината ќе има повремени врнежи и засилен ветер, со услови за град. После тоа, времето ќе се стабилизира и ќе биде претежно сончево.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а максималната од 22 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината се можни краткотрајно невреме, пообилен дожд и појава на град. Температурата ќе се движи од 16 до 30 степени.
Од недела до средината на следната работна седмица се очекува стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен северен ветер, а во наредните денови умерен до засилен северен ветер.







