Каја Калас ја предупреди БиХ: Може да останете без милијарда евра од ЕУ

Макфакс

02/07/2026

18:30

207

Големина на фонт

а а а

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, предупреди дека Босна и Херцеговина може да изгуби финансиска поддршка од милијарда евра ако не ги забрза реформите потребни за членство во Европската Унија.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги повика властите во Босна и Херцеговина да ги забрзаат реформите неопходни за напредок кон членство во ЕУ.

За време на посетата на Сараево, Калас предупреди дека земјата ризикува да остане без околу една милијарда евра европска финансиска поддршка наменета за спроведување реформи доколку не продолжи со европската агенда.

Таа истакна дека БиХ не смее да заостанува зад другите земји од Западен Балкан и нагласи дека политичарите треба да одговорат на очекувањата на граѓаните, од кои, според неа, околу 75 проценти го поддржуваат членството во Европската Унија.

Калас изјави и дека Европската Унија продолжува да работи на избор на нов висок претставник за БиХ, оценувајќи дека тоа е важно за стабилноста на земјата и регионот.