Светското првенство во фудбал влезе во нокаут-фазата, а шеснаестфиналето заврши со натпреварите што се одиграа во текот на изминатата ноќ.
Во првата елиминациска рунда беше забележано едно големо изненадување, откако Парагвај успеа да елиминира еден од фаворитите на Мундијалот – Германија.
Изненадување приреди и Мароко, кој ја елиминираше Холандија, додека сензацијата на Мундијалот, Зеленортските Острови, во текот на ноќта сериозно го намачија актуелниот светски шампион Аргентина, но на крајот беа елиминирани по продолженија.

Пласман во осминафиналето обезбедија репрезентациите на Парагвај, Мароко, Франција, Канада, Португалија, Шпанија, САД, Белгија, Бразил, Норвешка, Мексико, Англија, Аргентина, Египет, Швајцарија и Колумбија.
Осминафиналето започнува веќе денес, а првиот натпревар ќе го одиграат Мароко и Канада, со почеток од 19:00 часот.
Оваа фаза од натпреварувањето завршува во вторник, кога ќе бидат познати осумте репрезентации што ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Распоред на натпреварите од осминафиналето
Сабота, 4 јули:
19:00 – Мароко – Канада
23:00 – Парагвај – Франција
Недела, 5 јули:
22:00 – Норвешка – Бразил
Понеделник, 6 јули:
02:00 – Мексико – Англија
21:00 – Португалија – Шпанија
Вторник, 7 јули:
02:00 – САД – Белгија
18:00 – Аргентина – Египет
22:00 – Швајцарија – Колумбија






