[ФОТО] Наздравување со виски во Инфективната клиника, д-р Цана вели беше кратко пригодно честитање

Макфакс

04/07/2026

13:11

975

Големина на фонт

а а а

Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, одговори на прашања околу консумирањето на алкохол во здравствена установа по повод успешна одбрана на докторска дисертација, нагласувајќи дека станува збор за кратко пригодно честитање без нарушување на работниот процес.

Фотографии на кои се гледа празна шише виски „Џејмисон“ на маса во Клиниката за инфективни болести и директорот д-р Фадил Цана пред него, отворија прашања дали е дозволено во здравствена установа да се внесува и консумира алкохол за време на прослава на вработени. Станува збор за одбележување на успешна одбрана на докторска дисертација на вработена, а фотографиите, се објавени на социјалните мрежи.


„Стануваше збор за кратко пригодно честитање по повод успешната одбрана на докторската дисертација на наша вработена. Моето присуство и фотографирање со колешката претставуваше израз на институционална поддршка за нејзиниот организациски успех. Клиниката не дозволува постапување што би го нарушило работниот ред, професионалните стандарди или безбедноста на пациентите. Според информациите со кои располагам, работниот процес и здравствената грижа во ниту еден момент не биле нарушени и не постојат сознанија за прекршување на внатрешните правила. За тоа постојат бројни очевидци и сведоци кои можат да ја потврдат фактичката состојба. Поединечни фотографии не можат да бидат основа за изведување заклучоци за настанот во целина или за постапувањето на присутните. Очекувам известувањето да се темели на проверени факти и на целосно утврдена фактичка состојба“, вели директорот за овој настан.