Ако ја вклучувате климата веднаш штом влезете во автомобилот, не сте свесни колкава грешка правите: Ризикувате скап дефект, еве како правилно да го разладите возилото

Супермен

06/07/2026

19:10

817

Големина на фонт

а а а

Високите летни температури претставуваат голем предизвик за возачите, а клима уредот тогаш станува еден од најважните системи во автомобилот. Меѓутоа, многумина ја користат на погрешен начин, што може да ја намали нејзината ефикасност, но и да го зголеми ризикот од скапи дефекти.

Експертите предупредуваат дека неколку едноставни навики можат да го продолжат работниот век на клима уредот и да обезбедат попријатно возење во текот на жешките денови.

Не ја вклучувајте климата веднаш

Една од најчестите грешки е вклучувањето на клима уредот во истиот момент кога ќе го стартувате моторот. Со тоа дополнително се оптоварува компресорот, па препораката е да почекате околу половина минута пред да го активирате ладењето. Исто така, корисно е неколку минути пред да пристигнете на дестинацијата да ја исклучите климата, за системот постепено да се растовари.


Разладувањето треба да биде постепено

Кога автомобилот со часови стои на сонце, внатрешноста може да достигне многу висока температура. Поради тоа, не се препорачува веднаш да ја вклучите климата на максимална моќност. Пред да тргнете, отворете ги вратите или прозорците за да излезе жешкиот воздух од кабината, а потоа постепено засилувајте го ладењето. Оптималната температура во возилото се движи меѓу 21 и 23 степени.

Паметно користете ја рециркулацијата на воздухот

Функцијата за рециркулација, означена со симбол на автомобил со кружна стрелка, овозможува климатизацијата да го користи воздухот од кабината наместо надворешниот воздух. Оваа опција е особено корисна кога надвор владеат екстремно високи температури, бидејќи го забрзува разладувањето. Сепак, не треба да биде постојано вклучена, бидејќи долготрајната рециркулација ја зголемува влажноста и го намалува квалитетот на воздухот во автомобилот.


Внимавајте на акумулаторот

Исправниот акумулатор е важен за работата на бројни системи во автомобилот, вклучувајќи ја и климатизацијата. Ако е дотраен или ослабен, можно е климата да работи послабо или да се појавуваат проблеми во нејзиното функционирање. Затоа се препорачува редовно да ја проверувате неговата состојба.


Не заборавајте на вентилациските отвори

Чистите вентилациски отвори овозможуваат подобар проток на воздухот и поефикасна работа на клима уредот. Прашината, поленот и другите нечистотии што се задржуваат во нив можат да го намалат ефектот на ладењето, но и негативно да влијаат врз квалитетот на воздухот што го вдишуваат патниците.

Климата не е неопходна за секое кратко возење

Ако возите само неколку минути, климата често нема да има доволно време да ја разлади внатрешноста на автомобилот. Во такви ситуации доволно е да ги отворите прозорците и да ја проветрите кабината, особено при помали брзини.

Не возете со речиси празен резервоар

Покрај правилното користење на клима уредот, искусните возачи предупредуваат и на уште една лоша навика – постојаното возење со речиси празен резервоар. Кога нивото на горивото ќе падне под една четвртина, пумпата за гориво работи под поголемо оптоварување и повеќе се загрева, што може да го скрати нејзиниот работен век.


Освен тоа, во речиси празен резервоар полесно се создава кондензација, која може да доведе до појава на 'рѓа и дополнителни проблеми во системот за гориво. Затоа се препорачува резервоарот што почесто да биде наполнет најмалку до една четвртина од неговиот капацитет.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk