Апсурдно е – Зеленски бара повеќе оружје за одбрана од руските балистички ракети

Макфакс

06/07/2026

20:10

381

Големина на фонт

а а а

Володимир Зеленски истакнува дека Украина има малку оружје за одбрана од руските балистички ракети и ја повикува меѓународната заедница за дополнителна поддршка во зајакнување на противвоздушната одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупреди дека Украина нема доволно оружје за одбрана од руските балистички ракети, оценувајќи дека е „апсурдно“ што производството не може да ги задоволи потребите за заштита на луѓето.

„Едноставно е апсурдно што во современиот свет производството сè уште не е зголемено на нивото што навистина е потребно за заштита на луѓето од балистички терор“, рече Зеленски во вечерното видеообраќање.

Тој истакна дека Украина има знаење и искуство за производство на оружје и дека, доколку добие американски дозволи за системите „Патриот“, би можела да произведува доволно и за сопствената одбрана и за помош на партнерите.

Зеленски порача дека недостигот од пресретнувачки ракети е сериозен проблем и ги повика САД и европските партнери на претстојниот самит на НАТО во Анкара да донесат силни одлуки за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

„САД и Европа имаат сосема доволно сила да го запрат овој терор“, порача Зеленски.