Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам дека мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат, по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин и во пресрет на самитот на НАТО во Анкара.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во Украина, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп изјави дека разговорите за ставање крај на војната се „многу поблиску отколку што луѓето мислат“.
„Претседателот Путин исто така сака таа да заврши. Верувајте ми кога ви го кажувам тоа. Тоа беше добар разговор. А претседателот Зеленски сака таа веднаш да заврши“, рече Трамп, мислејќи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на настан во Белата куќа во Вашингтон.
„Имав многу добар разговор и мислам… дека се приближуваме кон крајот“, рече Трамп.
Говорејќи пред самитот на НАТО, кој започнува во вторник во Анкара, Трамп изјави: „Ќе одиме пред НАТО и ќе разговараме за тоа и мислам дека ќе успееме. Мислам дека ќе ја завршиме“.
Украина од февруари 2022 година се брани од руската инвазија. Во неодамнешните големи руски ракетни напади загинаа повеќе луѓе во Киев и во други украински градови, додека Украина го таргетира рускиот нафтен сектор и ги напаѓа врските меѓу Русија и полуостровот Крим.







