Рик Хофман, 56-годишниот актер најпознат по улогата на Луис Лит во популарната серија „Suits“, минатата недела ги изненади своите следбеници на Инстаграм објавувајќи селфи во огледало, со кое покажа значително поинаков изглед.
Покрај фотографијата, на која има густа коса и витка фигура, кратко напиша: „Помина извесно време“, а потоа додаде: „Се враќам“.
Објавата предизвика лавина од коментари, а обожавателите ја пофалија неговата трансформација и на шега го споредуваа со Харви Спектер, ликот што во серијата го толкуваше неговиот колега Габриел Махт. Еден од следбениците постави прашање што ги интересираше многумина: „Смеам ли да прашам во што е тајната на твоето слабеење? Изгледаш одлично!“.

Хофман не чекаше долго со одговорот и откри што стои зад неговата промена.
„Строг наизменичен пост и кето диета. Без алкохол“, сподели актерот.

Откако серијата „Suits“ заврши во 2019 година, Рик Хофман не мируваше. Ѝ се приклучи на актерската екипа на серијата „Billions“ во споредна улога, а како Луис Лит се појави и во спин-оф сериите „Pearson“ и „Suits: LA“. Публиката неодамна можеше да го види во филмот на „Netflix“ „Office Romance“, а во 2023 година глумеше во хорор филмот „Thanksgiving“.