Иранската армија изврши напади со беспилотни летала врз американската воена база Шеик Иса во Бахреин како одговор на агресијата на САД во јужен Иран. Во соопштението се истакнува дека сите американски бази во регионот ќе бидат легитимни цели за иранските беспилотни летала.
Иранската армија објави дека извршила напади со беспилотни летала врз американските сили во воздухопловната база Шеик Иса во Бахреин, што, според неа, било одговор на нападите на Вашингтон врз јужен Иран.
„По непријателската агресија на американскиот непријател врз воените и цивилните области на југот од земјата и кршењето на меморандумот од 14 точки, напаѓачките беспилотни летала на армијата на Исламската Република Иран утрово ги нападнаа позициите на непријателските американски сили во базата Шеик Иса во Бахреин“, се вели во соопштението на армијата, објавено од официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
„Ова е последица на дрското и постојано кршење на прекинот на огнот од страна на криминалната влада на САД, а сите американски бази во регионот ќе бидат легитимни цели за нашите воени беспилотни летала“, се додава во соопштението.
BREAKING: Air defenses are lighting up the night sky over Bahrain. -Footage reportedly shows active interception fire over the kingdom as the Iranian barrage arrives
-Three ballistic missiles were reportedly launched at Bahrain from Iran's Fars Province
-Sirens are… https://t.co/N2tEA6rTcM pic.twitter.com/AmBXs1ALMS
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) July 8, 2026
Претходно, иранската исламска револуционерна гарда објави дека нападнала 85 американски воени објекти во Бахреин и Кувајт.









