Арда Туран го врати стариот сјај на Шахтјор Доњецк и ја освои титулата во домашното првнество во својата прва сезона како тренер на украинскиот великан, а тимот со него стигна и до полуфиналето во Конференциската лига на УЕФА.
Воведната сезона на Турчинот ги задоволи апетитите на раководните луѓе и Арда со големи амбиции ќе ја стартува втората кампања во Шахтјор, пред која играчите на овој тим дознаа дека нема шега со Туран.
Некогашниот „воин“ на Диего Симеоне со години ги учеше методите на аргентинскиот стручњак и очигледно е дека придобил голем дел од јужноамериканската страст од тој период, нешто што најдобро е пресликано на неговите тренинзи во пресезоната.
Интензитетот на Арда стана вирален хит на социјалните мрежи, а видеото кое го сподели Шахтјор како клуб брзо стана споделувано од голем број фановите на Атлетико.
Arda Turan est complètement fou à l'entrainement du Shakhtar Donetsk ! 😂🇹🇷
— Footballogue (@Footballogue) July 8, 2026
(@FCShakhtar)pic.twitter.com/0G76C8rmz7
Доста вирално стана и второто видео кое го објави Шахтјор, на кое всушност најдобро се гледа како Арда „им ја извадил“ душата на голем дел од своите фудбалери.
🥵 Shakhtar Donetskli oyuncular, Arda Turan'ın yoğun çalışma programıyla karşı karşıya!pic.twitter.com/BQSGSbqR7p
— A Spor (@aspor) July 9, 2026







