Двајца новинари се „закачија“ на официјалниот прес пред четвртфиналето, Брахим не можеше да поверува што гледа

Дерби

09/07/2026

11:54

390

Големина на фонт

а а а

Мароко денеска ќе ја предизвика Франција во нова пресметка меѓу двете селекции на мундијалите, бидејќи нивниот пат се вкрсти и на претходното Светско првенство кое се одржа во Катар.

Мароканците сигурно ќе сакаат поинаков епилог од оној пред четири години, па иако се свесни дека имаат најголем можен предизвик, „атласките лавови“ веруваат во своите шанси.

За тоа говореше и Брахим Дијаз на официјалниот прес кој го одржа пред вечерашното четвртфинале, но најголемо внимание од неговото обраќање предизвикаа двајца марокански новинари кои се „закачија“.

Претставници на седмата сила влегоа во конфликт и го прекинаа обраќањето на Брахим, кој во неверување и чудење ја проследи целата ситуација.

Откако страстите малку се смирија, модераторот на пресот побара од Брахим да продолжи со обраќањето, по што Дијаз реши да ја опушти атмосферата со комична реплика.

– Веќе го заборавив прашањето кое ми беше поставено…