Николоски: Железничката обиколница во Скопје ќе го забрза транспортот со карго возовите на Коридор 10

Макфакс

09/07/2026

13:30

187

Големина на фонт

а а а

Александар Николоски, заменик претседател на Владата и министер за транспорт, истакна дека железничката обиколница во Скопје ќе го забрза карго превозот на Коридор 10, со вклучување на „One-stop shop“ систем меѓу Македонија и Грција и изградба на нови железнички гранични премини. Проектите ќе имаат економски и еколошки придобивки, а во тек е подготовка за изградба на брзата пруга на овој коридор.

Железничката обиколница во Скопје ќе го забрза карго превозот на коридор 10, имајќи предвид дека воведен е “One-stop shop“ со Грција, дополнително работиме на изградба на заедничка железничка станица со Србија и најважно, изградбата на брзата пруга на коридор 10. Бенефитите се повеќекратни, дополнително ќе влијае и врз намалување на аерозагадувањето во Скопје, истакна заменик претседателот на Владата и министр за транспорт Александар Николоски.

„Видов одредени коментари вчера дека и досега карго возовите не влегувале во Скопје. Тоа е делумно точно и многу неточно, затоа што точно е дека некаде пред 30-40 години, кога првпат е изградена оваа обиколница, тоа било така. Но, со девастирањето и со пропаѓањето коешто го направија СДСМ во неколку нивни влади на државата, за жал, овој коридор не се користеше. Ние решивме, се зафативме целосно да го реконструираме заедно со ЈП Железници Инфраструктура и во рекордно време се заврши карго обиколницата на Скопје, со што веќе товарните возови нема да поминуваат низ центарот на градот. Тоа еколошки е одлично, второ, ќе значи кратење на времето, а на тој начин ќе ја направи Македонија уште поатрактивна за карго сообраќај” – истакна Николоски.

Toj истакна дека брзиот карго транспорт ќе има економско влијание долж коридор 10 бидејќи регионално се работи на заеднички проекти со соседите.

„Тоа е добро и за Гевгелија, затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ Гевгелија. И уште еден проект којшто заеднички го сработивме и многу ќе помогне за Гевгелија, тоа е дека го воведовме „One-stop shop“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција, што значи дека веќе карго возовите не треба двапати да застануваат кога железнички доаѓаат навака, туку имаат едно застанување. А во моментов работиме на изградба на заеднички железнички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот”, потенцираше Николоски.

Во однос на брзата пругута Николоски додаде:

„Таму одлично оди работата во подготовка на документација. Очекувам во текот на летото сите документи да бидат завршени. Еден по еден се завршуваат и стигнуваат, сите се во предвидениот рок, така што таму одлично оди работата во делот на подготовка, па после тоа и во делот на градба“, истакна заменик претседателот на Владата.