Белингам жали за продажбата која ја официјализираше Реал: Еден од најголемите професионалци кои сум ги видел

Дерби

09/07/2026

15:20

308

Големина на фонт

а а а

Фран Гарсија стана прекуброен во тимот на Реал Мадрид во кој одеднаш се најдоа четири леви бекови, па сосема очекувано, тој беше играчот кој е жртвуван од новиот тренер Жозе Мурињо.

Уште пред да има прва средба со „специјалниот“, Гарсија беше ослободен од обврските во Реал Мадрид и вчера ја официјализираше преселбата во Реал Бетис, клуб кој доби големо засилување за 4 милиони евра.

Реал Мадрид како клуб задржа 50 проценти од правата на фудбалерот и може да заработи повеќе од идна продажба на левиот бек, кој сега ќе се обиде да ја пронајде најдобрата форма која го красеше од периодот во Рајо Валјекано.

Младиот 26-годишен бек не доби вистинска шанса во Реал Мадрид, но и покрај тоа, остави добри сеќавања кај соиграчите, а особено кај Џуд Белингам кој жали за неговата продажба.

– Брате, ти посакувам добра среќа во твојата нова етапа во кариерата. Еден од најголемите професионалци кои сум ги видел во кариерата. Беше чест, ти го заслужуваш најдоброто. Те сакам , – му порача Џуд на Фран Гарсија.