Мароканците нема да можат да сметаат на својот најдобар голгетер против Франција

Дерби

09/07/2026

15:36

143

Големина на фонт

а а а

Мароко ќе бара слатка одмазда за поразот од Франција пред четири години на Светското првенство во Катар, со тоа што денешната пресметка пристигнува во четвртфиналанта фаза, една рунда порано од нивната претходна пресметка.

Франција славеше со 2:0 на Светското првенство во Катар и преку „атласките лавови“ се пласираше во големото финале, но големиот фаворит за трофејот сега повторно ќе мора да се справи со Мароканците за да дојде во претпоследната фаза од нов мундијал.

Тимот на Дидие Дешамп влегува како фаворит за победа и Мароканците ќе играат без голем притисок, но нивен пех е тоа што нема да може да сметаат на најдобриот голгетер.

Исмаел Саибари постигна гол на секој од трите натпревари кои ги одигра во групната фаза, но се повреди во осминафиналето против Канада и сега селекторо Уахби потврди дека нема да може да смета на него за вечерашниот меч во 22:00 часот.

– Сите играчи ми се доспатни за четвртфиналето, освен Исмаел Саибари. Овој натпревар доаѓа премногу рано за него. Тој нема да може да ни помогне, но не би го отпишал за останатиот дел од турнирот ако успееме да запишеме победа, – изјави Мохамед Уахби.