Грижата за здравјето започнува со информираност. Токму затоа, dm продолжува да отвора теми кои придонесуваат за подобро разбирање на сопственото тело и важноста на здравите животни навики. Една од нив е и кортизолот - хормон кој има клучна улога во реакцијата на организмот на стрес, но и во регулирањето на метаболизмот, крвниот притисок и имунолошкиот систем.
Кортизолот природно се создава во надбубрежните жлезди, а неговото ниво е највисоко во утринските часови и постепено се намалува во текот на денот. Иако често се нарекува „хормон на стресот“, тој е неопходен за нормално функционирање на организмот. Проблемот настанува кога неговото ниво е подолго време покачено или прениско.
Покачениот кортизол може да се манифестира преку мускулна слабост, насобирање маснотии во пределот на стомакот, тенка и чувствителна кожа, лошо заздравување на рани, депресија и зголемен ризик од остеопороза. Од друга страна, ниското ниво на кортизол може да предизвика исцрпеност, губење на тежина, низок крвен притисок, намален апетит, слабост и ниско ниво на шеќер во крвта.
Истражувањата покажуваат дека жените почесто пријавуваат повисоко ниво на стрес отколку мажите, а хормоналните промени и различните животни фази, како што е менопаузата, можат дополнително да влијаат врз реакцијата на организмот. Раздразливоста, промените во расположението, чувството на безволност, главоболките, дигестивните проблеми и намалената концентрација се само дел од најчесто пријавените последици од секојдневниот стрес.
Доколку состојбата трае подолг период, хронично покачениот кортизол може да придонесе за ослабен имунолошки систем, нарушувања на сонот, хормонален дисбаланс, проблеми со метаболизмот, зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, како и нарушувања на менструалниот циклус и овулацијата кај жените.
Добрата вест е дека рамнотежата на кортизолот најчесто се постигнува преку комбинација од повеќе здрави навики. Редовната физичка активност позитивно влијае врз нивото на кортизол и квалитетот на сонот, додека редовниот режим на спиење помага во неговата природна регулација. Вежбите за дишење и техниките за релаксација го активираат природниот механизам за смирување на организмот, а избалансираната исхрана богата со овошје, зеленчук и здрави масти, како омега-3 масните киселини, дополнително придонесува за подобра благосостојба.

Одредени научни истражувања покажуваат дека и некои природни состојки, како ашвагандата, можат да придонесат за намалување на нивото на кортизол. Сепак, тие не се замена за здравите животни навики, а нивната употреба треба да биде информирана и, по потреба, во консултација со здравствен работник.
Во dm продавниците може да се пронајде богат избор на производи за балансирана исхрана, чаеви, додатоци во исхраната, како и производи за релаксација и природна нега, кои можат да бидат дел од секојдневната рутина за грижа за себе. Истовремено, важно е да се нагласи дека доколку постои сомнеж за значително покачено или намалено ниво на кортизол, потребно е да се побара стручен медицински совет и да се направат соодветни испитувања.
Во dm веруваат дека вистинската грижа за себе започнува со знаење. Кога ги разбираме сигналите што ни ги испраќа нашето тело, полесно можеме да создадеме навики кои водат кон подобра рамнотежа, повеќе енергија и поквалитетно секојдневие.










