Маж од Дебарско ги нападнал поранешната сопруга и нејзината мајка

Макфакс

10/07/2026

13:40

130

Големина на фонт

а а а

Во Дебар е лишен од слобода маж кој физички ја нападнал својата поранешна сопруга и нејзината мајка. Полицијата започнала постапка и ќе поднесе соодветна пријава против него по целосно документирање на настанот.

Во ОВР Дебар утрово 00:30 часот, од слобода бил лишен О.Б.(33) од село во дебарско.

Полицијата постапила по претходна пријава дека тој физички ја нападнал неговата поранешна сопруга и нејзината мајка.

Според МВР, по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.