Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци почина откако паднало од лулашка во парк во Гостивар. Малолетничката била пренесена во Медицински центар каде лекар констатирал смрт, а случајот е пријавен кај надлежните.
Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот.
Имено според пилицијата, синоќа во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.

Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.







