Тајфунот Бави ја погоди Кина со силни ветрови и обилни дождови, евакуирани речиси два милиони луѓе

Макфакс

12/07/2026

09:50

533

Големина на фонт

а а а

Тајфунот Бави ја погоди Кина со силни ветрови и обилни врнежи, предизвикувајќи евакуација на речиси два милиони луѓе и значително оштетување на инфраструктурата во провинцијата Џеџијанг.

Тајфунот Бави, најсилната бура што годинава го погоди копнениот дел на Кина, донесе обилни врнежи и силни ветрови на источниот брег, ставајќи ги на тест капацитетите на надлежните служби за справување со екстремни временски услови.

Според метеоролозите, иако до недела наутро Бави ослабнал во тропска бура додека се движел кон внатрешноста на земјата, системот со големина споредлива со Франција може да предизвика долготрајни и обилни врнежи во источна и северна Кина во наредните денови.

Евакуирани речиси два милиони луѓе

Пред пристигнувањето на тајфунот биле евакуирани речиси два милиони луѓе, главно во провинцијата Џеџијанг, еден од економски и технолошки најразвиените региони во Кина.

Тајфунот прво го погодил крајбрежниот град Јухуан во Џеџијанг во саботата околу 23:20 часот по локално време, а потоа околу полноќ повторно удрил кај градот Јуечинг.

Силниот ветер урна повеќе од 1.300 дрвја

Кинеската државна телевизија Си-Си-Ти-Ви објави дека во Јуечинг биле урнати повеќе од 1.300 дрвја, од кои над 700 биле целосно искорнати.

Поплавите на одредени места достигнале до половина од висината на автомобилските гуми, а спасувачките екипи користеле багери и моторни пили за расчистување на улиците покриени со вода и паднати дрвја.

Властите предупредуваат на нови врнежи

И покрај слабеењето на бурата, метеоролошките служби предупредија дека остатоците од системот можат да донесат нови обильни врнежи и дополнителни проблеми во повеќе делови на источна и северна Кина.

Властите продолжуваат со следење на состојбата и со активности за расчиствување на погодените подрачја.