Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Макфакс

12/07/2026

12:43

209

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата предводена од СДС, Левица и ДУИ дека не се интересира за донесување подобар Изборен законик, туку се обидува тој да не се донесе, со што го блокира процесот на политички консензус.

„Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик“

Кажа денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Според него, по подолг период постоела реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус.

Тој посочи дека со месеци политичките партии учествувале во разговори, усогласувале текстови и доставувале предлози, но според него, кога процесот требало да биде финализиран, опозициските партии се повлекле и го блокирале договорот.

Политичка зрелост или конфронтација

„Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората. Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ“, истакна Манасиевски.