Тешко го прифати поразот: Белингам му удри заушка на аргентински репрезентативец по последниот судиски свиреж

Дерби

16/07/2026

11:16

389

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам беше еден од англиските фудбалери кои беа најборбени и кои претрчаа најмногу километри, но токму ѕвездата на Реал Мадрид беше онаа која го наести најлошото по првиот примен гол на Англичаните.

Офанзивниот фудбалер остана во очај по погодокот кој го постигна Енцо Фернандез за 1:1, а неговите најлоши прогнози се оставри многу брзо во вид на втор погодок, кој воедно значеше пораз за „гордиот албион“ во полуфиналето.

Драматичниот пресврт кој го режираше светскиот шампион донесе огромна сатисфакција на лицата на аргентинските фудбалери, па додека „гаучосите“ лудо славеа по последниот судиски свиреж, кај Англичаните преовладуваше фрустрација.

Белингам беше еден од оние кои најтешко го прифатија поразот, а доказ за тоа е непотребната заушка која му ја удри на фудбалер кој воопшто и не играше на мечот.

Џуд го удри младиот Коло Барко во пределот на главата, а влезе во клинч и со уште неколку аргентински фудбалери, меѓу кои беше и Отаменди.

Темпераментниот стопер брзо ја расчисти мешаницата, но вреди да се напомене дека Џуд во текот на мечот имаше свои несогласување и со Лионел Меси, капитенот на Аргентина кој не остана импресиониран од однесувањето на Англичанецот.