Лаутаро покажа вистински човечки вредности во првото интервју по голот вреден финале на СП

Дерби

16/07/2026

13:01

228

Големина на фонт

а а а

Лаутаро Мартинез беше во втор план пред четири години кога Аргентина ја освои Светската титула во Катар, па иако стана резерва на Хулијан Алварез и во добар дел од овој мундијал, судбината посака популарниот „Торо“ да биде херојот на „гаучосите“ за второ финале во низа.

Капитенот на Интер влезе во самата завршница кога Аргентина бркаше пресврт против Англија, а откако Енцо Фернандез погоди за 1:1, Лаутаро беше оној кој се најде на вистинско место по центаршутот на Лео Меси.

Мартинез го испрати додавањето од Лео и лесно погоди со глава за 2:1, а овој гол за победа донесе неверојатно значење за Лаутаро, кој не можеше во целост да го одработи првото интеврју на теренот.

Напаѓачот покажа вистински човечки вредности и се потсети на сите оние кои му овозможија да стигне до највисоката фудбалска сцена, започнувајќи од своите родители, па се до своите деца и сопругата.

– Ова е многу емотивно, не можам да зборувам. После вакво нешто, се сеќавам на денот кога мојот татко ми ги купи првите копачки. Отсекогаш сонував дека ќе постигнам ваков гол и сега дојде до тоа, среќата е неизмерна.

– Ова е победа за цело мое семејство. Се сеќавам на деновите кога заминав во Расинг, мојата мајка не престана да го мести креветот секој ден, се однесуваше како да сум дома. Тоа вреди повеќе од голот и од финалето. Тука се и моите деца кои ми го променија животот, ме научија да бидам побавен и да уживам во животот. Не можам да престанам да плачам, мислам на мојата сопруга, на децата, на родителите. Многу е тешко да се зборува после ваков момент, преплавен сум со емоции и чувства. Пред да дојдам тука, и се јавив на мојата мајка и таа беше на работа. Многу и е тешко кога ја гледа Аргентина, попрво оди на работа, отколку да гледа мој натпревар, – порача Лаутаро.