Аргентина стави во „шеста брзина“ во завршната фаза од полуфиналнето во Атланта и со пеколен финиш режираше кошмарна вечер за Англичаните, кои иако беа блиску до прво финале после 1966-та година, на крајот останаа на дофат на такво достигнување.
„Гаучосите“ покажаа шампионски менталитет и со два гола во самата завршница ги шокираа избраниците на Томас Тухел, а по последниот судиски свиреж, дел од аргентинските фудбалери пронајдоа и едно шише кое им привлече големо внимание.
Стануваше збор за шишето на Пикфорд на кое беа испишани пеналџиите на Аргентина за потенцијален пенал рулет во полуфиналето, па Лео како човек кој не разбира англиски, побара од Сенеси да му преведе што пишува.
Аргентинците брзо сфатија дека биле добро простудирани од англискиот чувар на мрежата, нешто што го заклучи и Енцо Фернандез кој беше еден од хероите на својот тим.
Благодарение на импресивниот финиш, Аргентина ја заврши работата во регуларниот дел и избегна продолженија и пенал завршница, па сега ќе се бори за четврта светска титула во својата историја во големото финале против Шпанија кое е закажано за в недела.







