Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски информира дека реконструкцијата на Охридскиот аеродром е во завршна фаза и очекува до крајот на летото да биде целосно комплетирана, што ќе доведе до зголемување на капацитетот за нови авиокомпании и поголем број на патници.
Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца.
“ Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде помеѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат.
Паралелно, од 15-ти август ќе почнат да работат надлежните институции, пред сè Агенцијата за цивилно воздухопловство, контролата на летање М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и Министерството за внатрешни работи, со цел аеродромот да е функционален и сите највисоки безбедносни стандарди да бидат постигнати.
Практично ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, ново повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот. Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме во следниот период”- изјави Николоски.







