Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури

Макфакс

18/07/2026

20:40

270

Големина на фонт

а а а

Во Тетово, непознати сторители пукале кон објект на фирма при што се пронајдени 11 чаури и евидентирани оштетувања на имотот и возилата, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец.

Според пријавата, во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово.

При увидот, полициска екипа пронашла 11 чаури, а биле констатирани оштетувања на објектот и на возила.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.