Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Макфакс

18/07/2026

21:10

253

Големина на фонт

а а а

Триесет и осумгодишен маж од Чегране се здобил со тешки телесни повреди откако се превртел багерот со кој работел во Гостивар. Повредениот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а на местото на настанот извршен е увид од полицијата.

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата „137“ во Гостивар.

Според пријавата, С.А. (38) од Чегране бил на терен со работната машина кога се превртела.

Повредениот бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.