Русија тврди дека зазела уште едно село во Украина

Макфакс

19/07/2026

15:00

366

Големина на фонт

а а а

Министерството за одбрана на Русија извести дека руските сили ја презеле контролата над селото Вилне во украинската Дњепропетровска област, додека украинските власти засега не го коментираат тоа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Вилне во украинската Дњепропетровска област.

Според соопштението, селото преминало под контрола на Москва. Пред почетокот на војната, Вилне имало околу 40 жители.

Украинските власти засега не ја коментирале оваа информација.