Мотоцикл удри во седумгодишно дете во Куманово

Макфакс

19/07/2026

16:40

324

Големина на фонт

а а а

Во Куманово, седумгодишно дете беше повредено откако мотоцикл удри во него на улицата Бранко Богдански Гуцман. Детето било пренесено во болница за итна медицинска помош, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово.

Како што соопшти МВР, мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во детето.

Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.