Три лица загинаа: Пронајдено превртено возило мерцедес на патот ГП Блаце-Скопје

Макфакс

20/07/2026

08:07

950

Големина на фонт

а а а

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа кога нивното возило мерцедес со германски национални ознаки се превртело на патот ГП Блаце-Скопје. Починатите биле пријавени како исчезнати претходно од државјанин на Косово.

Синоќа на 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки.

На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници и утврдено е дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски лица).

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријавил дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на 18.07.2026 околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје.