Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменикот Ален Деребан одржаа работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје и судиите-поротници за да разговараат за нивните барања и предизвиците, особено за надоместоците и недостигот на судии-поротници, со цел подобрување на судскиот систем.
Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците.

На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во судскиот систем, обезбедувајќи активно учество на граѓаните во вршењето на судската власт и придонесувајќи за транспарентност, правичност и зајакнување на довербата во судството.
Министерот за правда беше информиран дека во јуни 2026 година Судскиот совет доставил барање за измена на Правилникот за надоместоците на судиите-поротници од 2018 година, со кое се предлага зголемување на висината на надоместоците.
Во разговорите беше нагласено дека судовите се соочуваат со недостиг на судии-поротници, што претставува сериозен предизвик за непречено функционирање на судечките совети и навремено постапување по предметите.
„Министерството за правда ќе ги разгледа доставените предлози и останува посветено на изнаоѓање одржливи решенија што ќе овозможат ефикасно функционирање на судскиот систем, со соодветно вреднување на улогата и придонесот на судиите-поротници во остварувањето на правдата и владеењето на правото“, се наведува во соопштението до медиумите по средбата.











