Владата го назначи Златко Перински за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување, што предизвика критики од опозицијата поради неговото образование.
На денешната седница, на предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
„Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, како и управител на СЦ ‘Борис Трајковски’“, стои во соопштението од Владата за именувањето на Перински за директор на Фондот.
Опозицијата силно го критикуваше предлогот Перински да биде нов директор на Фондот оти дипломирал на Факултетот за физичка култура.







