Иран ги предупреди властите во Бугарија да не им дозволат на САД да ја користат нејзината територија за изведување воени операции против Техеран, нагласувајќи дека таквите акции би значеле соучество во агресија и воени злосторства.
Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината територија за воени операции против Техеран, откако бугарската влада објави дека ќе побара парламентарно одобрение за распоредување американски авиони за полнење гориво во земјата.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека секоја активност што би овозможила американски напади врз Иран би претставувала соучество во она што тој го нарече „агресија и воени злосторства“.
Багеи ја повика Бугарија да не стане „соучесник на агресорите и оние што го кршат законот“.
Бугарската влада претходно објави дека планира да испрати барање до парламентот за одобрение за стационирање до осум американски авиони-танкери во воздухопловната база Безмер, која се наоѓа околу 260 километри југоисточно од главниот град Софија.







