Општина Кисела Вода: По силното невреме активиран кризниот штаб

Макфакс

21/07/2026

20:20

405

Големина на фонт

а а а

Силно невреме со силен ветер го погоди Скопје, предизвикувајќи паднати дрвја и блокирани улици во општината Кисела Вода. Кризниот штаб е активиран и служби се на терен за расчистување и санирање на последиците од невремето.

Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации скопска Кисела Вода.

Од таму известуваат дека Кризниот штаб на општината е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен.

„Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на последиците, активно координираме со Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЕВН и со службите на Град Скопје.
Упатуваме апел до сите жители на Општина Кисела Вода: доколку во вашата околина има паднато дрво, блокиран пат или забележите друга директна опасност предизвикана од ветерот, пријавете кај нашите дежурни лица на следните телефонски броеви: 072 250 719; 072 443 500
Нашите екипи ќе останат на терен и ќе работат посветено сè додека не се нормализира состојбата во општината“.