Пообилни врнежи: Ново невреме кон Македонија доаѓа од Албанија

Макфакс

21/07/2026

20:40

967

Големина на фонт

а а а

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека ново невреме од Албанија и Косово се приближува кон Македонија, кое може да донесе пообилни дождови и појава на град.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од Албанија и Косово, се приближува кон Македонија.

Според најавата, за разлика од претходното невреме кое беше проследено со силен ветер, овој атмосферски систем наместо силен ветер, според најавеното, може да донесе пообилни врнежи од дожд и појава на град.