Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Макфакс

22/07/2026

18:10

212

Големина на фонт

а а а

Општина Чаир испрати донација со вода за пиење за да им помогне на граѓаните на Гостивар поради отежнатото снабдување, оставајќи отворена можност за дополнителна поддршка.

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар.

„Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба“, соопштија од Општината.

Додаваат дека помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите.

Во соопштението се додава дека Општина Чаир останува во постојана комуникација со локалните власти во Гостивар и е подготвена и во наредните денови да обезбеди дополнителна поддршка, согласно потребите и развојот на состојбата.