Фабијани со измешани чувства: Микс од задоволство и разочарување

Дерби

23/07/2026

07:50

389

Големина на фонт

а а а

Вардар не успеа да победи и на вториот натпревар кој го одигра пред своите навивачи во Европа ова лето, бидејќи денеска загуби од Рига во второто квалификациско коло во Конференциската лига.

По поразот од Купс во квалификациите од Лигата на шампиони, Вардар на моменти беше одново доста неизбалансиран и против Рига, а грешките во потесната одбрана на крајот го чинеа нов пораз во трилер со пет голови.

Вардар прво поведе со мајсторијата на Кастањеда, потоа подари два гола на противникот, па иако покажа карактер и израмни на 2:2 преку Родригеш, на крајот мораше да се помири со пораз од 2:3.

Поради прикажаното на теренот, тренерот Кристијан Фабијани го заврши мечот со измешани чувства, по што не криеше дека кај него има микс од емоции на задоволство и разочарување.

– Чувствата се измеашни после вечерашниот натпревар. Среќен сум и задоволен од тоа како одигравме, но разочаран поради грешките кои ги направивме и кои не чинеа пораз од Рига.

– Сметам дека бевме супериорна екипа и севкупно гледано, изгледавме подобро од тоа што бевме на двата меча со Купс. Решаваа детали, а за ривал имавме доста квалитен противник. Да не беа индивидуалните грешки, сигурен сум дека резултатот ќе беше многу подобар за нас. Верувам дека одбраната беше солидна денеска, грешките кои ги направивме беа голмански. Сепак, вината ја преземам јас, не може да му замериме на Талески. Тој многупати го вадел Вардар, па сега нема да замериме за грешките, – изјави Фабијани.