Аталанта постави цена за играчот кој е трансфер цел на ПСЖ и Баерн Минхен

Дерби

23/07/2026

13:04

202

Големина на фонт

а а а

Аталанта е една од италијанските екипи која знаело добро да се постави и одлично да заработи од продажба на играчи на трансфер пазарот.

Клубот од Бергамо и ова лето веќе направи една сериозна зделка со трансферот на Марко Палестра во Челси, а во последен момент пропадна операцијата за Едерсон и неговата преселба во Манчестер Јунајтед.

Калчолигашот има и други фудбалери кои се интересни за останатите тимови, еден од нив е Шарл Де Кетеларе, офанзивецот кој имаше квалитетен настап за Белгија на Светското првенство.

Пари Сен Жермен и Баерн Минхен се клубови кои го меркаат Белгиецот и италијанскиот прволигаш е подготвен за трансфер, ама под услов да добие понуда од најмалку 50 милиони евра.

Шарл има 25 години и договор до 2028 година.