Мицкоски направи еколошка катастрофа, oтровот стигна и до Скопје, велат од СДСМ

Макфакс

24/07/2026

18:50

614

Големина на фонт

а а а

Од опозициската партија СДСМ алармираат за сериозна еколошка катастрофа предизвикана од загадена вода во неколку градови во Македонија, со посебен акцент на состојбата во Скопје каде бела пена е видлива на реката Лепенец. Тие го обвинуваат Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ за системски колапс на институциите.

Осврнувајќи се на случајот со неисправната вода во делови од државата, од опозициската СДСМ истакнуваат дека прво загадена вода за пиење имаше во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница.

„Дури и во болница немаше безбедна вода“.

Сега, додаваат од оваа партија, бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје.

„Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се влева во Вардар.

Ова веќе не е инцидент“.

Ова, според нив, е системски колапс на институциите под, како што велат, команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

„Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за „дезинформации“, реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално“.