[ФОТО] Вонбрачната ќерка на Борис Бекер во „жешко“ издание: Фотографиите од плажа ги воодушевија обожавателите

Супермен

27/07/2026

15:31

471

Големина на фонт

а а а

Манекенката Ана Ермакова веќе извесно време ужива во летниот одмор, далеку од својот динамичен живот во Германија. Деновите ги поминува на Сардинија, во атрактивни модни комбинации, а фотографите на странските медиуми забележале и неколку интересни моменти.

Фотографиите за кратко време се проширија на социјалните мрежи, па јавноста имаше можност да ја види вонбрачната ќерка на Борис Бекер во атрактивно издание. Таа носела бикини со животински дезен, кој ја истакнал нејзината витка фигура, а бил забележлив и нејзиниот исончан тен.

Папараците ја фотографирале во момент на невнимание, а овие „жешки“ кадри воодушевија многумина на социјалните мрежи.


Потсетуваме, Ана е родена од кратката афера на Борис Бекер со манекенката Ангела Ермакова. Таа авантура довела до крај на бракот со Барбара Фелтус, со која има двајца синови.


Бекер подоцна изјавил детето е резултат на „петминутна афера на скалите“ по едно вечерно излегување во Лондон, но подоцна ја признал Ана за своја ќерка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk