Додека го чистел станот, пронашол две стари штедни книшки на својот татко од 70-тите: Благодарение на нив ќе добие 110.000 евра

Супермен

28/07/2026

18:38

495

Големина на фонт

а а а

Речиси половина век две штедни книшки стоеле заборавени на дното од една фиока, а никој не ни претпоставувал дека кријат вистинско мало богатство.

Дури кога почнал да ја средува оставината на своите родители, Италијанецот Фабио Минети ги открил документите кои, благодарение на долгогодишно пресметаните камати и ревалоризацијата, ќе му донесат дури 110.000 евра.

Како што пренесе „Dnevnik.si“, Минети во март 2022 година, околу година и пол по смртта на својот татко, ги средувал семејните документи во куќата во Сан Џорџо Канавезе, недалеку од Торино. Тогаш, меѓу старите документи, пронашол две штедни книшки од 1970-тите, отворени на имињата на неговите родители, Луиџи и Бернардина.

Книшките биле отворени во тогашната штедилница „Cassa di Risparmio di Torino“, а на нив биле депонирани повеќе од пет милиони италијански лири. Во тоа време станувало збор за многу значајна сума, но семејството со текот на годините очигледно целосно заборавило на тие заштеди. Сметките никогаш не биле затворени, ниту пак парите некогаш биле подигнати, наведува локалниот портал „giornalelavoce.it“


По неочекуваното откритие, Минети побарал помош од римското здружение „Giustitalia“, специјализирано за заштита на правата на потрошувачите и враќање средства од стари штедни влогови и хартии од вредност.

Експертите од здружението пресметале дека денешната вредност на заштедата далеку го надминува првичниот износ. Во пресметката не била вклучена само конверзијата од лири во евра, туку и ревалоризацијата, законските камати, како и сложената камата што се акумулирала во текот на речиси 50 години.

По завршувањето на постапката, банката која е правен наследник на поранешната штедилница треба да му исплати на Минети дури 110.000 евра.

Како што наведува „Dnevnik.si“, едно од клучните прашања во ваквите случаи е застареноста на побарувањата, на која италијанските банки често се повикуваат, тврдејќи дека барањата застаруваат по десет години.

Сепак, од здружението „Giustitalia“ истакнуваат дека успешно го застапуваат правниот став според кој рокот на застареност почнува да тече дури од моментот кога наследникот ќе ги пронајде документите и ќе дознае за постоењето на заштедата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk