[ФОТО] Новите влечки „Nike Hyperslide“ загреваат и вибрираат за да помогнат во закрепнувањето на стапалата по тренинг

Супермен

28/07/2026

19:49

358

Големина на фонт

а а а

Најк претходно соработуваше со производителот на опрема за закрепнување Хајперрајс на моделот „Hyperboot“ – пар патики што можат да се загреваат и надувуваат за да обезбедат „воздушна компресивна масажа“. Сега компанијата претстави влечки кои можат да се загреваат и да вибрираат.

Наречени „Nike Air Zoom Hyperslide“, овие високотехнолошки влечки ќе бидат достапни за јавноста од 29 септември по цена од 249 долари, преку веб-страниците на Најк и Хајперрајс, како и во американските продавници „Best Buy“ и „Dick’s Sporting Goods“. Како помагало за закрепнување, „Air Zoom Hyperslide“ може да се купи и со средства од американските ФСА/ХСА фондови.


Она што ги прави овие влечки „високотехнолошки“ се модулите што компанијата ги нарекува „Hyperslide Pods“. Станува збор за модули кои магнетски се прицврстуваат на горниот дел од секоја влечка. Токму тие создаваат топлина и вибрации за да им помогнат на стапалата да се релаксираат, да се освежат и побрзо да закрепнат, се наведува во маркетиншките материјали на компаниите.


Влечките нудат три нивоа на загревање и три режими на вибрации, при што температурата се движи од 42,8 до 47,2 Целзиусови степени. Компаниите препорачуваат при нивното користење да се носат чорапи. Иако тоа можеби не изгледа како најдобар моден избор, веројатно е добар совет кога станува збор за обувки што ги загреваат стапалата.


Модулите Подс (Pods) се поврзуваат со апликацијата Хајперрајс преку Блутут, што овозможува прилагодување на нивото на загревање и вибрации. Сепак и без апликацијата овие поставки можат да се менуваат со притискање на копчињата на самите модули. Тие имаат и вградени индикаторски светла што го прикажуваат нивото на загревање, интензитетот на вибрациите и наполнетоста на батеријата.


Кога станува збор за батеријата, компаниите наведуваат дека таа трае околу еден час, во зависност од начинот на користење. Ако една сесија за закрепнување трае околу 10 минути, тоа значи дека корисниците ќе имаат приближно шест сесии пред повторно да треба да ги наполнат влечките, што се прави преку вградениот УСБ-Ц приклучок.


Што се однесува до самите влечки тие користат низок „Nike Air Zoom“ ѓон со текстурирана и мека подлога за газење и имаат дизајнерски детали слични на моделот „Hyperboot“. На пример, лесно се забележуваат препознатливите кружни елементи на местата каде што велкро-лентите се спојуваат со остатокот од обувката, а во целина изгледаат многу естетски привлечно.


Достапни се во црна боја и во светлобеж нијанса наречена „Orewood“, како и во 15 различни големини, кои во САД се движат од M4/W5 до M18/W19, што одговара на европските броеви од 36 до 52,5.

Како и моделот „Hyperboot“, така и „Hyperslide“ е наменет за носење по тренинг со цел да го забрза закрепнувањето на стапалата. Секако, може да се користи и во секое друго време кога корисникот ќе посака.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk